Почина маж во велешка болница позитивен на Ковид-19

Објавено на 18 август, 2022 во 12:44

Пациентот бил на седумдесет и девет годишна возраст од Велес со коморбидитети, деменција и дијабет на инсулин.

Во велешка болница во моментов хоспитализирани се седум ковид пациенти. Сите се лекуваат на Инфективно одделение.

Портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова, соопшти дека од болничките ковид пациенти четворица се на кислородна поддршка.

Инаку во болница има 19 слободни болнички кревети.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.