Почина жена од Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 18 ноември, 2021 во 10:49
Жената била на осумдесет и една годишна возраст и е од Велес.
На болничко лекување во велешка болница се вкупно 44 ковид пациенти од кои 31 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и 10 пациенти се со негативен тест.
-На Инфективно одделение се лекуваат 16 пациенти, на Интерно одделение седум и во Модуларна болница 21 ковид пациенти, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 15 пациенти.
Во изминатите 24 часа од болничко лекување испишани се шест пациенти.
Во ЈЗУ Општа болница Велес има вкупно 56 слободни кревети од кои на Инфективно одделение 34 и во Модуларна болница 22 пациенти.
Стефани Манева