Почна да се полни велешка болница со ковид пациенти
Објавено на 21 јули, 2022 во 12:38
Петнаесет ковид пациенти се хоспитализирани во ЈЗУ Општа болница Велес од кои 11 се потврдени позитивни на коронавирусот, двајца пациенти се сомнителни и двајца се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти само еден е на кислородна поддршка. Во моментов има 31 слободни болнички кревети на Инфективно одделение. Од Интерно Б одделение еден пациент којшто е позитивен на коронавирусот е префрлен на Инфективно одделение, рече д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.
Во изминатите 24 часа на болничко лекување примени се тројца пациенти.
Стефани Манева