Поднесена кривична пријава за тешка кражба и прикривање кај Марена, кавадаречко – штета од над 900.000 денари

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против осум лица осомничени за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „прикривање“.
Пријавени се А.А. (26), Ш.А. (30), Е.А. (23), М.А. (22), Р.А. (18) и Г.А. (21), сите од село Марена, кавадаречко, поради постоење основи на сомнение дека сториле тешка кражба, казнива по член 236 од Кривичниот законик. Според информациите од полицијата, на 22 и 23 ноември 2024 година, тие со употреба на подесен алат од парцела во атарот на место викано Маренски рид, во близина на село Марена, одзеле вкупно 467 метри електричен кабел. Кабелите биле наменети за поврзување на фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија.
Покрај нив, кривична пријава е поднесена и против С.В. (37), со привремен престој во Струмица, и А.Ш. (43) од Струмица, поради основано сомнение за сторено кривично дело „прикривање“, по член 261 од Кривичниот законик. Двете лица, според пријавата, го откупиле бакарот и украдените кабли.
Со оваа тешка кражба е нанесена материјална штета од околу 915.000 денари на едно правно лице од Скопје.
Дума.мк
