Полициски хеликоптер го изгасна пожарот во село Карабуњиште, помеѓу Велес и Зелениково (фото и видео)
Пожарот избил од внатрешноста на селото, околу 16:00 часот кога огнот зафатил неколку куќи. Патот до селото е тешко пристапен поради што на пожарникарите на ТТПЕ Велес им беше потребно многу време за да стигнат до селото.
Поради пократок циклус на гаснење од Скопје полета полицискиот хеликоптер „Ми171“ којшто полнеше вода помеѓу високи тополи од вливот на река Пчиња во Вардар и го изгасна пожарот.
-Секоја чест за храбрите и исклучително вешти пилоти на полицискиот „Ми 171“. Пожарот локализиран е со дејството на храбрите пилоти со хеликиптерот на МВР, кои во многу брзи и прецизни турнуси полнеа вода од реката во многу тесен простор меѓу високите крајречни дрвја и го гаснеа раширениот пожар во оптимален налет. Во меѓувреме до селото се проби едно теренско противпожарно возило, камјонет со мала цистерна во приколицата. Пожарникарите и мештаните по земја ќе продолжат со дејство согласно условите. Опасноста по селото е отстранета, поточно да бидат зафатени други куќи од пожарот е анулирана, рече Стојанче Ангелов директор на Центар за управување со кризи.
Убавка Јаневска