Полициски претрес во домови на тројца Велешани
Објавено: 11 август, 2023, во 12:09 часот
По претходно добиена наредба од Основен суд Велес, вчера, полициски службеници на СВР Велес извршија претрес во домови на три лица во Велес.
„При претресот кај З.Ј. (50) од Велес пронајдени и одземени се две саксии со садници канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, едно пакување со опиум, едно пакување со амфетамин и дигитална вага. При претресот кај Д.Ј. пронајдени и одземени се марихуана и поголем износ на пари, додека кај З.Ј. (26), двајцата од Велес, пронајдени и одземени саксија канабис сатива и марихуана.
Лицата се приведени во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопштија од СВР Велес.
Дума.мк




