Полнолетен маж извршил обљуба над малолетничка во Кавадарци
Објавено на 10 април, 2024 во 10:46
Триесет и осум годишна кавадарчанка, вчера вечер, околу 21: 00 часот во Полициска станица на ОВР Кавадарци пријавила дека на почетокот на месец март врз нејзината малолетна ќерка било извршено полово дејствие од лице со кое била во љубовна врска и кое било полнолетно.
За настанот известен бил Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци.
-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска