Поради градежни работи на патниот правец Велес – Катланово, во тунелот, сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лената
На патниот правец А1 Велес–Катланово, во тунелот Катланово денеска ќе се изведуваат градежни работи на пат и сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, известуваат од ЈП „Македонијапат“.
На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.Намалена видливост до 100м. поради магла има на патниот правец Скопје-Демир Капија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Дума.мк