Поставени украсни канти за отпадоци на повеќе локации во Велес

Објавено на 31 март, 2022 во 13:48
Фото: ЈКП „Дервен“

Украсни канти за собирање на смет се поставени на повеќе локации во градот Велес, информираат од Јавно комунално претпријатие „Дервен“. Пред влезот на црквата Свети Кирил и Методиј, во Младинскиот парк, на скалите пред велешкиот театар како и на влезот од Офицерски дом и во паркот позади овој објект.

Фото: ЈКП „Дервен“
Фото: ЈКП „Дервен“

Во текот на претходната недела ЈКП „Дервен“ постави дополнителни четириесет нови пластични канти за отпад на повеќе локации во градот.

Фото: ЈКП „Дервен“

Исто така, ги заменија и старите контејнери со нови на коишто се напишани пораки за подигнување на свеста кај граѓаните за почист Велес.

Фото: ЈКП „Дервен“

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.