Повреден малолетен пешак на улица во Кавадарци

Објавено на 1 октомври, 2021 во 13:38

Сообраќајната незгода се случила вчера, 30 септември, на улица „Шишка“ во Кавадарци кога дваесет и седум годишниот А.К со патничко возило „југо“ со демиркаписки регистарски ознаки удрило во малолетниот пешак од Кавадарци и го напуштил местото на незгодата.

Малолетниот пешак се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Кавадарци.

– По преземени мерки од полициски службеници утврдено е дека возилото го управувал А.К.(27) од Струмица, со престој во Кавадарци, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци а во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License