Повреден пешак во Кавадарци, возачот избегал од местото

Објавено на 11 април, 2025 во 12:39

Триесет и три годишниот Х.И на крстосницата од улиците „Ресавска“, „Јован Планински“ и „Ѓорѓи Сугаре“ во Кавадарци, вчера во 20:15 часот, бил удрен од патничко возило по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Х.И кои биле констатирани во Општа болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License