Повредени двајца кавадарчани во сообраќајна незгода

Објавено на 4 април, 2023 во 11:19

На регионалниот пат Кавадарци – Неготино, вчера, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „сканија“ со кавадаречки регистарски ознаки и патничко возило „фолксваген голф“ исто со кавадаречки регистарски таблички. Моторното возило било усправувано од страна на педесет и едно годишниот Т.Р од село Возарци, додека патничкото возило дваесет и две годишниот М.М од село Сопот, кавадаречко.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило
М.М., а со телесни повреди се здобил Т.Р., констатирани во ЈЗУ Општа болница
Кавадарци, соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Сообраќајната незгода во Одделение за внатрешни работи Кавадарци била пријавена во 18:45 часот. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.