Повторно казни за брзо возење на територија на СВР Велес
Објавено на 30 јуни, 2022 во 09:49
Акциска контрола за санкционирање на возачи коишто управуваат возило со поголема брзина од пропишаната била спроведена вчера, на територијата на Сектор за внатрешни работи Велес. За време на контролата санкционирани биле 44 возачи.
– Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, пишува во соопштението на Министерство за внатрешни работи.
Оттаму информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Стефани Манева