Повторно сквернавење на гробно место во црква „Свети Спас“ во Велес
Објавено на 16 февруари, 2022 во 10:40
Во Сектор за внатрешни работи Велес во текот на вчерашниот ден, шеесет и едно годишната С.Д од Велес пријавила дека било извршено сквернавење на гробното место на нејзиниот сопруг на градските гробишта во цврка „Свети Спас“ во Велес.
-Извршен бил увид на место и се работи на расчистување на случајот, стои во соопштението на Сектор за внатрешни работи Велес.
Сепак ова не е прв случај, велешани многу често пријавуваат сквернавење на гробни места но и кражби кај црква „Свети Спас“.
Стефани Манева