Повторно „спуштена рампата“ на полигонот за полагање возачки испит во Велес

По девет месеци од издадена лиценцата на Испитен центар Велес, на 1 април, минатата година, повторно граѓаните кои се обучуваат во авто школите во Велес не можат да полагаат испит за возачи. Полигонот не работи. Ако тогаш проблемот се решаваше цели 9 месеци за да се формира комисија за полагање поточно да се избере фирмата што ќе раководи со испитниот центар сега, како што дознава за Дума.мк, имало повеќе причини за повторното „спуштање на рампата“ на полигонот.
Според сознанија на кандидати за полагање на возачкиот испит, полигонот во Велес бил затворен поради технички проблеми на угорницата, која немала агол според законските прописи, како и недостатокот од трета коловозна лента на улицата пред самиот влез на полигонот.
За да се дознае точната причина за не работењето на полигонот во Велес ,Дума.мк, испрати прашања до Министерството за внатрешни работи. Сепак на прашањата одговори потпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев во кој пишува:
„Полигонот е затворен поради тоа што не ги исполнува условите наведини во член 283 ст.1 од Законот за безбедност на сообракајот на патиштата и Правилникот за критериумите, начинот на работа на автошколите, наставниот план и програмата за обука, стручен кадар, опремата со која треба да располага, како и евиденциите што треба да ги водат автошколите за оспособување на кандидатите за возачи.“
Од дадениот одговор на официјалната институција не може прецизно да се утврди причината за затворениот полигон во Велес. Toa воопшто не им е од корист на идните возачи кои ги завршиле обуките во авто школите во градот. Најупорни да ја дознаат вистината се тие на кои при крај им се лекарските уверенија кои штом истечат ќе мора да вадат нови, само за да полагаат. Но во по поволна состојба не се и останати кои пишуваат во пораки во инбох на фан пејџот на Фејсбук на Дума.мк со зборовите „во неизвесност сме, не знаеме што да правиме!“.
Убавка Јаневска
