Повторно висок број на граѓани казнети за не носење на заштитна маска
Објавено на 26 мај, 2021 во 11:07
Во последното деноноќие, вкупно 32 граѓани се казнети за не носење на заштитна маска од страна на полициски службеници, на територијата на Сектор за внатрешни работи Велес. Најголем број во Велес 17, во Кавадарци двајца и во Неготино 12.
Против овие граѓани ќе следуваат соодветни мерки, соопштија од СВР Велес.
Се апелира до сите граѓани да ги почитуваат воведените мерки од страна на Министерство за здравство, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.
Стефани Манева