Пожар во помошни простории на ЈКП „Дервен“

Објавено на 18 октомври, 2023 во 09:42

Помошните простории на јавното комунално претпријатие „Дервен“ , вчеравечер, се запалиле. Територијалната против пожарна единица Велес дојава добила во 19:22 часот. На лице место пожарникарите интервенирале со две против пожарни возила и шест пожарникари.

-По пристигнувањето на лице место пожарот е затекнат  во развиена фаза, за што беше потребна интервенција на дополнителна една противпожарна цистерна  и еден пожарникар. Со брза интервенција пожарот за кратко време беше ставен под контрола и целосно ликвидиран, рече командиротр на ТТПЕ Велес, Диме Јованов.

Од ЈКП „Дервен“ ја потврдија информацијата и соопштија дека за случајот ќе дадат официјален став штом заврши полицискиот увид.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.