Пожар во помошни простории на ЈКП „Дервен“
Објавено на 18 октомври, 2023 во 09:42
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/10/Untitled-design-2023-10-18T094138.565.png)
Помошните простории на јавното комунално претпријатие „Дервен“ , вчеравечер, се запалиле. Територијалната против пожарна единица Велес дојава добила во 19:22 часот. На лице место пожарникарите интервенирале со две против пожарни возила и шест пожарникари.
-По пристигнувањето на лице место пожарот е затекнат во развиена фаза, за што беше потребна интервенција на дополнителна една противпожарна цистерна и еден пожарникар. Со брза интервенција пожарот за кратко време беше ставен под контрола и целосно ликвидиран, рече командиротр на ТТПЕ Велес, Диме Јованов.
Од ЈКП „Дервен“ ја потврдија информацијата и соопштија дека за случајот ќе дадат официјален став штом заврши полицискиот увид.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)