Пожар во велешката населба „Речани“, горат дел од стари магацини и сува трева
Објавено на 13 јуни, 2024 во 17:04

Огнот е пријавен во 16:26 часот во Центар за управување со кризи Велес и Територијална против пожарна единица Велес. Локацијата на пријавата била позади хотел “Монтенегро ревиера“.
Според првичните информација жариштето било во делот на стари воени магацини од каде огнот се проширил на околните ниви со суви растенија и трева. Пламенот се доближува до дел од куќите. На гаснењето на огнот не му оди во прилог силниот ветер што дува во Велес.

Според првичните информации на ЦУК Велес на лице место се 10 пожарникари со три возила на ТППЕ Велес. Засега тие активно гаснат и се обидуваат да го спречат ширењето на огнот.
Убавка Јаневска
