Пред Нова Година, велешките средношколци се едуцираа за опасноста и последиците од употреба на петарди

Објавено на 29 декември, 2023 во 11:30

Полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во содејство со медицински лица одржаа едукативни предавата на тема „Петарди НЕ- Безбедност пред СЀ ” во трите средни училишта во Велес.

Поточно, учениците од средните општински училишта „Димитрија Чуповски“, „Гимназија – Кочо Рацин“ и „Коле Неделковски“ преку подготвена презентаија учеа за опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства.

-На сите ученици воедно им беше укажано дека сите пиротехнички средства се опасни бидејќи содржат експлозив и можат да предизвикаат тешки и трајни повреди и последици по здравјето, а истовремено им беа и предочени и законските казнени мерки со кои може да се соочат со недозволено поседување и испалување на пиротехнички средства и петарди, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Овие едукативни предавања СВР Велес ги реализира во рамките на кампањата на МВР со Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“ од Скопје.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.