Предупредувачки протест на вработените во ШС „Бабуна“, бараат две заостанати плати
Не исплатените плати за месеците јануари и февруари, годинава, заостанатиот теренски додаток и покачување на платата се само три од вкупно петте барања на синдикалната организација на подружницата ШС „Бабуна“, чии вработените ги бараат преку мировен предупредувачки протест. Протестот започна во петокот а продолжува и денеска со тоа што вработените не работат во период од 30 до 40 минути од работното време.
Исто така, вработените на подружницата ШС „Бабуна“, согласно колективниот договор на ЈП „Национални шуми“ пишуваат дека бараат да им се исплатат двете заостанати плати со кои се врзани исплатите на нивните веќе земени кредити како и подобрување на севкупните услови за работа во коишто како приоритет ја посочуваат обновата на ХТЗ опремата, за заштита при работа.
Според Синдикалната организација барањето за покачување на плата исто така важно е затоа што скоро сите вработени земаат минимална плата.
Убавка Јаневска