Приведен кавадарчанец кој онлајн се заканувал на полициски службеник
Објавено на 11 јули, 2024 во 11:36
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека вчера, во 11:00 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци по претходна пријава го лишеле од слобода дваесет и девет годишниот кавадарчанец А.З.
Тој преку социјална мрежа упатувал закани кон полициски службеник од ОВР Кавадарци.
А.З бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк