Приведен кавадарчанец, се заканувал на полицајци
Објавено на 17 октомври, 2022 во 11:22
Триесет и седум годишниот В.Ј од Кавадарци вчера, бил лишен од слобода оти упатил закани кон полициски службеници коишто вршеле службени дејства.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле лицето во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Стефани Манева