Приведен маж од Чашка поради кражба на дрва
Објавено на 17 август, 2022 во 13:01
Во трактор со велешки регистарски ознаки сопственост на четириесет и девет годишниот З.Н од Чашка, вчера, во еден час и дваесет минути по полноќ, била извршена контрола и биле пронајдени и одземени дрва без соодветен жиг и документација.
Според информациите од Сектор за внатрешни работи Велес, лицето било лишено од слобода вчера, од страна на полициски службеници од Полициско одделение Чашка и се сомничи дека сторил кривично дело по член 235 став 3 „кражба на дрва“.
Оттаму додаваат дека З.Н е приведен во полициска станица Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.
Стефани Манева