Приведена наставничка од Неготино, психички ги малтретирала учениците за време на настава

Објавено на 9 ноември, 2023 во 10:56

Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера, во 17:30 часот ја лишеле од слобода четириесет и осум годишната Т.Ј.С, наставничка во училиште во Неготино.

Од Сектот за внатрешни работи Велес соопштија дека полицијата постапила по пријава според која наставничката психички ги малтретирала учениците за време на настава.

Наставничката е приведена во полициска станица и по документирање на случајот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License