Приведени двајца малолетници, извршиле четири тешки кражби од кои две во Велес
Двајца малолетници извршиле четири кривични дела, тешки кражби на дрзок начин, во изминатиот период и во текот на вчерашниот ден биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од Полициска станица Кавадарци. Тие вчера, во 20:50 часот, извршиле кражба во продажен објект во Кавадарци а претходно од друг продажен објект одзеле пари од касата.
– По преземени мерки и активности е констатирано дека 01.07.2022 на подрачјето на Полициска станица Велес во маркет во Велес , од сеф во канцелариска просторија од продажен објект одзеле пари, а истиот ден во уште една продавница во Велес извршиле кривично дело „кражба“ во обид, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Двајцата малолетници биле приведени во полициска станица и по извршен службен разговор со нив го појасниле начинот на извршување на делата. По целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева