Приведени двајца разбојници во Велес                               

Објавено на 23 декември, 2023 во 15:00

Полициски службеници на Полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај при СВР-Велес, утрово, во 8: 30 часот, ги лишиле од слобода велешаните М.Г. (25) и О.Т.(32), по претходно добиена пријава дека утрото околу 8:00 часот  извршиле разбојништво  во спортска обложувалница и со употреба на сила врз вработената, одзеле пари.

„По кратко време, лицата се пронајдени и приведени во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.