Приведени двајца велешани, кај нив пронајдена дрога

Сектор за внатрешни работи Велес информира дека вчера, во 18:30 часот, полициски службеници го лишеле од слобода дваесет и девет годишниот Д.Ј. При претрес во домот на неговиот две погодини повозрасен брат Т.Ј, којшто бил извршен по судска наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени три пакувања со марихуана, една дигитална вага, поголем износ на пари во различни апоени.
-Нешто пред тоа, во 16.50 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.К.(25) од Велес. При претрес во неговиот дом во Велес, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една дигитална вага и двe дробилки за марихуана, додадоа од Сектор за внатрешни работи Велес.
Лицата се приведени во Полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следат соодветни пријави.
Стефани Манева
