Приведени две лица кај наплатна станица „Сопот“, пронајден хероин и пари
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Отсек за недозволена трговија при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, околу 17:00 часот на наплатна станица „Сопот“, ги лишеле од слобода триесет и три годишниот Ш.И од Куманово и триесет и седум годишниот Р.З од Свети Николе.
-При преглед во возилото и нивен личен преглед, кај Ш.И. биле пронајдени и одземени околу 35 грама хероин, додека кај Р.З. биле пронајдени и одземени над 4.500 евра, за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело, пишува во соопштението на МВР.
Оттаму додаваат дека тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Стефани Манева