Прочкарчиња низ велешките сокаци и маала, годинава во помал број од претходните (видео)

Врнежливото и ладно време не дозволи утрово на верскиот празник „Прочка“ да одекне добро познатата песна на децата кои го најавуваат скорешното доаѓање на пролетта и пејат:
„Оптири лајлам, тра ла лала лајлам -дедо пие ракија, мезе му е слезенка,
о дедо, дедо слатка ли е ракијата – слатка е бре деца како мед и шеќер, буц бабата.
Бабата е болна од шеќерна болест – за бабата блакце а за докторот париче.„
А токму тие ги потсетуваа велешани на традицијата во градот кога порано се маскирале и возрасни граѓани. Со задолжителната маскирање на ликот на лицата и ставање сурати, поточно маски, на баби, дедовци, зетевци, невести и доктори. Така шетале низ улиците и влегувале во домовите на своите сограѓани. Предизвикувале смеа но и радост. Утрово велешани единствено им се радуваа на децата кои согласно традицијата повеќе не доаѓаат како пет члени групи. Им недостасуваат дел од прочкарските ликови.

Приквечер, граѓаните во Велес, ќе ги почнат визитарските посети во домовите на родителите, постарите членови на семејствата и кумовите.
Тогаш помладите со лимон и портокал во раце, од постарите ќе барат прошка велејќи: „Простете ми ако нешто сум згрешил-а“ на што постарите ќе одговарат: „Простено ви е и од нас и од Господа“.
Граѓаните ,од колено на колено, го пренесуваат значењето и големината на христијанскиот празник Прочка со верувањето дека ноќеска на полноќ ќе се простат Небото и Земјата.
Дума.мк
