Промоција на резултати во Вардарски регион од мониторингот на проектот „Поддршка на изборни реформи“
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/11/Untitled-design-7.png)
Промотивен настан на тема „Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања: Искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации“, се одржа денеска во Велес. Целта беше промоција на постигнатите резултати од мониторингот на изборните ветувања на политичките партии, како и мобилизирањето на заедницата за барање отчет и исполнување на ветеното.
Работниот дел се состоеше од два панела.
На првиот панел свои излагања имаа претставници на локалните самоуправи од општините Бутел и Кочани, кои заедно со претставничка од организацијата која мониторираше во општина Аеродром, ги споделија своите искуства со процесот на мониторинг и реализација на изборните ветувања. Во општина Бутел беше мониторирана изградбата на спортско рекреативен центар „Го сакам Бутел“. Во општина Кочани се мониторираше одржувањето на јавната чистота во ромската заедница, додека општина Аеродром беше опфатена со мониторингот на изборното ветување за поставување на лифтови за деца со посебни потреби во ООУ Александар Македонски и ООУ Гоце Делчев.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/11/Untitled-design-9.png)
Во првиот дел беше презентирана и мониторинг матрицата и веб страницата на проектот https://electoralreforms.mk/summary-for-criterias/?criteria=mesec1_11_izbor , како и видео од спроведени иницијативи за мобилизација на заедниците во Вардарски регион.
Во вториот панел, граѓанските организации, медиуми и локални мобилизатори кои учествувале во мониторинг на локалните изборни ветувања дискутираа околу искуствата од процесот на мониторинг, научените лекции и очекувањата од една таква активност во иднина. Исто така во рамки на вториот панел учесниците имаа можност да слушнат искуства од организации кои применувале различни мониторинг методологии и да ги збогатат своите знаења за начините и исходите од следење на активностите на локалните самоуправи.
Настанот е дел од активностите кои се спроведуваат во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“, поддржан од Владата на Швајцарија и имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/11/Untitled-design-8.png)
Во дискусијата беше истакнато колку процесот на мониторинг е важен за да се зголеми вклученоста на граѓаните во донесувањето на одлуки во локалната самоуправа, како вклученоста на граѓанските организации и медиумите влијае врз транспарентноста и отчетноста на општините кон граѓаните, кои се научените лекции од процесот и што може да се подобри во иднина како и кои се идните потреби на општините и на граѓанските организации со цел да се обезбеди исполнување на дадените ветувања во за време на избори.
Промотивниот настан се одржа во хотел Гардениа во Велес.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)