Промотивно видео од Проектот „Клуч за сопствен бизнис“ на Фондација Фокус
Објавено на 1 јули, 2024 во 15:39
Фондација за локален развој и демократија Фокус го подготви и презентираше промотивниот видео материјал од проектот што го реализираше во учебната 2023/24 година со првата генерација на ученици од четирите средни училишта во Велес кои беа учесници во проектот „Клуч за сопствен бизнис“.
Видео материјалот го содржи завршниот настан на проектот поточно Модна ревија со тивка аукција што за прв пат по 30 години се одржа во Велес пред 160 присутни граѓани во фоајето на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Во видеото се промовираат 10 најуспешни креации на младите Модни дизајнери и Декоративните дизајнери од првата генерација.
Погледнете го видеото.
Стефани Манева