Пронајдено тело на машко лице во близина на неготинската депонија
Објавено на 12 јули, 2022 во 14:20
Полициски службеници од Полииска станица за граничен надзор Михајлово, вчера, 11 јули, околу 22:00 часот во близина на село Дуброво, неготинско, во близина на градската депонија, пронашле тело на починато машко лице.
-Телото на починатото машко лице е на возраст од 25 до 35 години. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Оттаму додаваат дека по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
На местот бил извршен увид.