Првачињата на ООУ„Панко Брашнаров“и младите го одбележаа Меѓународниот ден на среќата (фото)

Сите 60 првоодделенци во ООУ „Панко Брашнаров“ денеска добија балони со рачно нацртани срца и насмевски од Клубот на млади на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ и Младински центар Велес. Вака децата,наставничките, педагоѓко психолошката служба во училишето заедно со волонтерите и младите активисти го одбележаа 20 Март – Меѓународен ден на среќата.

Многу детски насмевки, среќа и игра содржеше едно часовната средба во училиштето во кое учат ученици од различни етнички заедници во градот.

Младите волонтери и активисти, балоните рачно ги на работилницата која се одржа во петокот на 17.03.2023 во Младински центар. Ова е прв настан со кој се одбележа Меѓународниот ден во Велес додека во светот 20 Март за прв пат беше одбележан во 2012 години на иницијатива на Обединетите Нации како ден кој треба да нè инспирира да преземеме чекори за посреќен свет.

„Потрагата по среќата лежи во јадрото на човечките напори. Луѓето низ светот се стремат да водат среќен и исполнет живот, ослободен од страв и бедност, и во хармонија со природата… Кога придонесуваме за општото добро, ние сме побогати. Сочувствувањето ја зголемува среќата и ни помага да ја изградиме иднината која ја посакуваме“, рекоа организаторите на денешниот настан во Велес.
Убавка Јаневска
