РЦУК Велес: Снег паѓа, сите патни правци во Вардарски плански регион се проодни

Објавено на 12 јануари, 2025 во 12:16
Фото: Велес под прв зимски снег – автор Оливер Зографски

Регионален Центар за управување со кризи известува дека во општина Чашка во населените места село Јасеново и село Богомила има врнежи со снег и истите во мометот се чистат од страна на Комуналното претпријатие.Истите се проодни за сообраќај. Општините  Велес  и Градско  има врнежи, но сите патни правци се проодни и исто така редовно од рани утрински часови се чистат.

На територијата на општините Свети Николе и Лозово сите патни правци се проодни и со машинерија(3 камиони) се чистат константно. И се посолуваат.

На територијата на општините Неготино и Демир Капија нема врнежи, сите патни правци се проодни и се чистат со машинерија од страна страна на Македонија пат-пункт Неготино.

Сите патни правци во општина Кавадарци  се проодни за сообраќај во зимски услови и истите се редовно се чистат од страна на Комуналното претпријатие. До овој момент немаат информација дека е нешто затворено.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.