Санкционирани два угостителски објекти во Велес за пуштена гласна музика
Објавено на 3 септември, 2021 во 14:46
Во текот на месец август, годинава, Полициска станица Велес поднесен четири прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир со пуштање на гласна музика.
– Две од пријавите се за угостителски објекти во градот, а две за физички лица, сопственици на викенд куќи на езерото „Младост“, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Исто така, во текот на вчерашниот ден, 2 септември, околу 17:30 часот било пријавено дека во спортска сала на средно училиште во Велес, педесет и четири годишниот Х.Љ по кратка вербална расправија, бил физички нападнат од 10 години постариот П.П.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева