Се „истумбаа“ во кола двајца велешани на патот пред Чашка

Објавено на 23 јуни, 2022 во 14:20

Двајцата велешани, првиот на возраст од 34 години а вториот 11 години помлад, се возеле во автомобилот што вчеравечер се движел во правец од Велес кон Чашка. Сообраќајната незгода во Итна медицинска помош била пријавена во 18:30 часот.

Според д-р Васе Пановска Поп – Стефанова од Итна медицинска помош при Здравствен дом Велес , двајцата повредени патници добиле лекарска помош. На лице место првиот имал набиен граден кош додека вториот се здобил со отворена повреда на глава.

По интервенцијата на медицинската екипа повредените возач и патник се пренесени во одделението за хирушки болести на Општа болница Велес.

Од оваа јавна здравствена установа потврдија дека по извршените испитувања и прегледи повредените пациенти побарале да бидат пуштени на домашно лекување а по добиените резултати и пружена лекарска помош од болницата ги пратил на домашно лекување специјалист хирург.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.