Се помалку има машки професии, жените рамноправни и во дигиталната наука (фото)

Објавено на 7 март, 2023 во 14:36
Фото: Презентација на тема „Жените и дигитализацијата, предизвици, можности и закани“

Што значи да бидеш жена во ИТ сектор, да бидеш жена дел од технолошката индустрија, жена којашто поминала цел процес на наука на електро факултет, беа дел од прашањата обработени во презентацијата на тема „Жените и дигитализацијата, предизвици, закани и можности“. Оваа презентација беше подготвена по повод празникот на жената 8-ми март, од страна на Организација на жени на Општина Велес. Претседателката на организацијата Мирјана Трајкова, рече дека има видно покачување на бројот на девојки коишто се запишуваат на дигиталните смерови во средните училишта во нашиот град.

Фото: Мирјана Трајкова – Претседателка на Организација на жени

– Темата на оваа средба е „Жените и дигитализацијата, предизвици, закани и можности“. Како организација на жени не интересира каква е состојбата во нашите средни училишта од родов аспект, поточно, колку се застапени машките и колку женските во дигиталните смерови.  Забележувам дека има видно покачување на бројот на девојки коишто се запишуваат во овие училишта на овие смерови и посебно ми е драго и се надевам дека бројот ќе расте и понатаму, додаде Трајкова.

Презентерката Сандра Aмпова е задоволна од рамномерната застапеност на двата пола во образовниот процес во Велес.

Фото: Презентерка Сандра Ампова

-Имаме податоци од средните училишта во нашиот град. Ме радува фактот што во економското училиште се појавува нов смер за Е маркетинг, дигитален маркетинг, кадешто заинтересираноста е 50% – 50%, поточно застапеноста е подеднаква на двата пола. Во гимназијата „Кочо Рацин“, природно математичкиот смер е исто така актуелен помеѓу девојчињата, бидејќи и таму застапеноста е пола – пола. Додека во ССОУ „Коле Неделковски“ застапеноста на девојчињата е се уште под 30%, но сепак се радувам што во текот на годините, од кога е воведен смерот компјутерски техничар, бројот на запишани девојчиња од година во година се зголемува. Се надевам дека овој тренд на раст ќе продолжи, додаде Ампова.

Фото: Презентација на тема „Жените и дигитализацијата, предизвици, можности и закани“

Пораката којашто им ја пренесе Апмова на сите жени присутни во просторијата е од Професорка на компјутерска лабораторија при Кембриџ универзитетот, којашто гласи:

„Компјутерите се многу важни за да им ги оставиме само на мажите“.

Овој настан беше организиран од Организација на жени на Општина Велес заедно со Комисијата за едкавни можности при Совет на Општина Велес.  

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.