Се степале двајца малолетници кај село Бузалково, еден од нив со тешка повреда препратен за Скопје
Тринаесет годишен малолетник се здобил со тешка повреда на глава и фрактура на нос по физички напад со друг малолетник во атар на село Бузалково. Малолетникот бил примен на Оддел за хирушки болести и упатен кон Одделението за радиодијагностика каде му била направена компјутерска томографија на глава.
-По укажаната медицинска помош, пациентот поради тежината на повредите е испратен во Ургентен центар Скопје, информира Марина Андова портпаролка во велешка болница.
Физичкиот напад во Сектор за внатрешни работи Велес го пријавил таткото на едниот малолетник 48 годишниот Ф.М од село Сливник, општина Чашка.
-На 19.09.2024 во СВР Велес, Ф.М.(48) од село Сливник, општина Чашка, пријавил дека
околу 11.00 часот во атар на село Бузалково, велешко, неговиот малолетен син бил физички
нападнат од друг малолетник, при што се здобил со тешка телесна повреда констатирана во
болницата во Велес, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Дума.мк