Се степале камионџии откако се случила сообраќајна незгода
Објавено на 28 март, 2023 во 12:56

На физичкиот напад на Х.Н (52) од Кавадарци му претходела кратка вербална расправија со П.И (47) откако вчера вечер околу 21.35 часот откако на регионалниот пат Градско – Прилеп, поточно во близина на бензинска пумпа, се случила сообраќајната незгода.
Во незгодата учествувале две товарни возила.
Возачот Х,Н го пријавил физичкиот напад во ОВР Кавадарци.
„Се работи на расчистување на случајот,“ соопштија од СВР Велес.
Дума.мк
