Се степале на три места во Велес и ограбиле жена

Објавено на 14 октомври, 2021 во 15:01

Трите тепачки се случиле вчера, 13 октомври од кои две во исто време, во 10:30 часот. Првата тепачка била пријавена во Полициска станица Велес од страна на дваесет и седум годишниот Ж.Д од Велес којшто на улица „8-ми септември“ бил физички нападнат од едно лице.  Втората тепачка се случила во исто време, на улица „11-октомври“ во Велес во која четириесет и осум годишниот Р.С од Велес била физички нападната од Р.Н (60). Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека се работи на расчистување на двата случаи.

Два и пол часа подоцна во полициска станица Велес било пријавено дека на улица „Благој Ѓорев“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Б (40) од една и З.Р (40) и нејзиниот малолетен син од друга страна. По целосно докуметирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку на 12 октомври во 20:30 часот, осумдесет и четири годишната А.М од Велес, пријавила дека на улица „Петре Прличко“ две лица и одземале чанта со пари и лични документи. Се работи на расчистување на случајот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.