Седум ковид пациенти хоспитализирани во велешка болница

Објавено на 4 април, 2022 во 12:49

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани седум ковид пациенти од кои тројца се потврдени позитивни и четворица пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

Портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова, информира дека нема пациенти коишто се на кислородна поддршка.

Од болничките пациенти на Инфективно се лекуваат тројца и на Интерно Б одделение четворица пациенти.

Во изминатите 24 часа нема ни примени ниту испишани пациенти од болничко лекување.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.