Секојдневни и разни насилства пријавуваат граѓани во полиција, можна ли е превенција и помош за жртвите
Во дневните билтени на Сектор за внатрешни работи Велес многу честа е појавата на пријави од страна на граѓанки кои се жалат на насилства не само од мажи туку и од деца. Скоро секојдневни се пријавувања на физички пресметки во кои поголемиот број на учесници се млади дури и адолесценти но има и случаи кога и полнолетни како и граѓани во средни години најверојатно во состојби на афект ги користат своите тупаници. Она што може да се прочита и што секако исто така загрижува е кога пријавите стигнуваат од стари и немоќни родители за насилства од полнолетни деца.
Во Велес постои Психолошко советувалиште со кое управува Организација на жени. Во него еден дипломиран психолог работи со жени кои преживеале насилство од мажи. И постигнува резултати. Информацијата за три жени кои се спасени од насилство, една се осамостоила штом нашлавработување додека останатите две подготвиле документи и сигурно чекорат по патот да за сигурен извор на егзистенција во странство се резултат што охрабрува и ќе охрабри многу други жени.
Затоа Мирјана Трајанова, претседателка на ова граѓанското здружение и стручното лице, поточно дипломираниот психолог Ангелина Димовска Стојанова ги прашавме дали Сервисот за психосоцијална поддршка на жените жртви на семејно насилство може да помогне и на останатите жртви на насилство како во Велес така и во соседните општини.
Локалните заедници треба да посветат поголемо внимание на овие социолошки појави е порака што треба сериозно да се свати и на која мора да се посвети внимание. Насилството најдобро е кога се превенира но за тоа се потребни простор, вклучување на тимови од стручни лица и финансиски средства. Доколку се продолжи со практиката да се игнорира оваа зачестена појава ќе продолжи да го загрозува квалитетот на живот на граѓаните и да ја подрива локалната заедница во која во најмала рака ќе се зголемува бројот на несреќни и небезбедни граѓани.
Убавка Јаневска