Сертифицирани 10 жители на Чашка за градежни работници преку проект „Социјално домување “
Објавено на 1 октомври, 2024 во 11:10
Десет жители на Чашка успешно завршија сертифицирана обука за градежни работници во рамките на проектот „Социјално домување во Чашка“ којшто е финансиран од фондацијата „Сент Гобен“ и Хабитат Македонија.
Сертифицираните градежни работници ги обучуваа предавачи од ОГУ „Ванчо Прке“ од Штип. Обуката има за цел да им помогне во иднина да се вработат како стручни градежни работници според потребите на пазарот на труд.
Идните градежни работници се вклучија и во кампањата на Хабитат Македонија и HFHI „Домот е еднаквост“ со пораки за значењето и поддршката на пристоен дом за сите граѓани. Тие со волонтерска работа придонесоа во реконструкцијата на два објекти за социјално домување во Чашка.
Убавка Јаневска