Сообраќајка во центарот на Велес помеѓу возило на Брза помош и автомобил

Објавено на 26 ноември, 2021 во 19:39
Фото: Дума.мк

Во незгодата учествуваа возило на Итна помош, со кое се превезуваше трочлена медицинска екипа, и автомобил марка „пежо“. Нема повредени лица.

Брзата помош доаѓала од Здравствен дом во правец на плоштад „С`рмаале“ по улица „8 Септември“ додека автомобилот од улица „Страшо Пинџур“ кон улица „8 Септември“. Ударот се случил токму на раскрсницата.

Фото: Дума.мк

Здравствените работници, видно вознемирени, тврдеа дека автомобилот удрил во брзата помош иако таа имала вклучено ротациони светла и звучна сигнализација поради итен повик за лекарска помош во дом на велешани . Автомобилот беше управуван од млада девојка која исто така беше вознемирена од незгодата.

Фото: Дума.мк

Од ударот е набиена каросеријата од левата страна на возилото на Итна помош. На местото на несреќата веднаш стигна полициско возило. Полициските службеници започнаа со утврдување на причините на сообраќајната незгода.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.