Сопруга нападнала сопруг, фатен Неготинец со дрога и пријава на маж за каснување од бездомно куче
Седумдесет и едногодишен Велешанец, вчера, во 11:30 часот пријавил дека во семејниот дом, по кратка расправија, бил физички нападнат од неговата една година по возрасна сопруга Т.В. исто така од Велес. Полициски службеници на станицата во Велес за настанот ги известиле стручните лица на Центарот за социјални работи Велес по што биле превземени мерки за расчистување на случајот.
Според полицискиот билтен, полициски службеници од ОВР Неготино,вчера вечер, во 19:00 часот го лишиле од слобода М.Ч.(25) од Неготино затоа што при преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарки ознаки, кое тој го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Како што соопшти портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, вчера вечер,во 23:30 часот, исто така, во Полициската станица Велес, М.А.(38) од село Ореше, во општина Чашка, пријавил дека во велешката населба Превалец бил каснат од бездомно куче.
Убавка Јаневска