Советот на Општина Велес денеска ја одржува седмата седница
На дневниот ред на седницата се наоѓаат 10 точки. Советниците ќе расправаат и ќе донесат одлуки поврзани со Предлог-Буџет на Општина Велес за 2022 година и за извршување на Буџетот на Oпштина Велес за 2022 година, Предлог-одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на административните службеници за 2022 година, Предлог-одлука за утврдување на пазарната вредност на градежното земјиште на подрачјето на Општина Велес, Предлог-одлука за определување на критериумите за утврдување на пазарната вредност на земјоделско земјиште на територијата на Општина Велес, Предлог –одлука за усвојување на Програма за изградба на спортска сала на КП 3121/1 и КП 3121/2, во с.Оризари, Општина Велес, Предлог-програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Велес за 2022 година, Предлог-решение за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција од детско претстапништво на Општина Велес, Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес и Предлог-решение за разрешување и именување членови на Надзорен одбор за контрола на материјално финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес.
Почетокот на седницата е во 11 часот.
Стефани Манева