Спроведени две акциски контроли во Велес, казнети возачи и пешаци
Објавено на 11 март, 2022 во 10:08

На подрачјето на Велес во текот на вчерашниот ден биле спроведени две локални акциски контроли. Првата за санкционирање на возачи коишто не даваат предност на минување на пешаци и втората за санкционирање на прекршоци коишто ги прават пешаците.
-Притоа, биле констатирани и санкционирани пет прекршоци направени од возачите и два од пешаци, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека локалните акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Стефани Манева
