Ставот на ЈКП„Дервен“,за покачената цена на ѓубрарината во Општина Велес,сосема поразличен од тврдењата на СДСМ и на ЛЕВИЦА
Вчера донесената Одлука за покачување на цената на ѓубрарината за домаќинствата и за индустријата, на седницата на Советот на општина Велес, била законска соопштија од ЈКП „Дервен“. Од таму за Дума.мк соопштија дека станувало збор за измени на веќе постоечка одлука која произлегува од Законот за локална самоуправа.
„Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комунален и индустриски неопасен отпад на територијата на Општина Велес донесена е во согласност со Законот за локална самоуправа, поточно согласно член 36, став 1, точка 1, и член 50, став 1, точка 6 од овој закон, односно со оваа одлука се вршат само измени на веќе постоечката одлука,“ пишува во овговорот на новинарското прашање на Дума.мк.
Од ЈКП„Дервен“ додаваат дека за ваквата одлука не може да одлучува Регулаторната комисија.
„Затоа што членот 107 од Законот за управување со отпад, донесен во 2021 година, е неприменлив поради тоа што сеуште не се донесени подзаконски прописи за да може да се постапи по нив како што е Правилник за утврдување на тарифа за отпад. Во недостаток на таквиот Правилник, се применува член 145 и член 149 од Законот за управување со отпад од 2021 година, според кои се уште е важечка постоечката Методологија за пресметување на цената за собирање, транспортирање и отстранување на отпад објавена во Службен весник на РМ 30/13. Со тоа Одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комунален и индустриски неопасен отпад на територијата на Општина Велес донесена на вчерашната 30та седница на Советот на Општина Велес е донесена законски,“ додадоа од ЈКП „Дервен“.
Нивниот став е сосема различен од ставовите на советничките групи на Левица и на СДСМ. Додека од СДСМ тврдат дека само Регулаторна комисија може да донесе одлука со примена на Правилникот за тарифа за отпад од ЛЕВИЦА сметаат дека мнозинството во велешкиот Совет се повикало на стар закон, од 2018 година,и незаконски ги покачило цените.
Убавка Јаневска