Стивнува експанзијата на итни повици на 194 во Велес
Временските услови кога температурните разлики се огромни влијаат врз здравјето на граѓаните, ообено на хронично болните и метеопатите. Од Јавната здравтвена установа Здравствен дом Велес потврдија дека се изразени кога температурата ноќе е 5 степени а преку ден достигнува и до 25 степени.
-Променливото време многу влијае на здравствената состојба на хронично болните пациентите. Кај нив но и кај останатите граѓани најчесто доаѓа до покачување или пак паѓање на крвниот притисок – рече д-р Васка Поп Стефанова Пановска ,началник на Служба за итна медицинска помош.
Сепак во последниов месец намален е бројот на повици од страна на пациенти. Во претходните две недели имале помеѓу 50 и 60 повици на ден. Сега бројот на повици двојно се намалил, од 24 до 30 повици на ден. Во овие бројки спаѓаат и повиците од ковид пациенти.
-Ние и покрај ковид пациентите си ја вршиме работата. Нашите возила вклучуваат сирени доколку има сообраќајка но и во други ризични ситуации. Имаме повици од пациенти од секаков вид на заболувања. Со покачен крвен притисок, со срцево заболување, со белодробно заболување итн. Но, имаме и пациенти со покачена температура и сомнителни за ковид-19 – рече Поп Стефанова.
Во текот на март лекарите од Здравствен дом Велес направиле 683 посети на терен, кај пациенти со различна здравствена симптоматологија. Во април забележиле благо намалување на посетите, на 667, што како бројка продолжува и на почетокот на мај, годинава, кога е намален бројот на домашни посети кај граѓаните.
Убавка Јаневска